Полнач за таблет предизвикал експлозија во авион
Во руски патнички авион избил пожар, кој го предизвикала експлозија на полнач за таблет на еден патник.
Инцидентот се случил во средата откако авионот од Москва слетал на аеродромот во Волгоград.
На снимките кои ги направиле патниците, се гледа пламен под едно седиште и дим во делот на економската класа во авионот, додека патниците и членовите на екипажот се обидуваат со вода да го угасат пожарот.
Сите патници без повреди го напуштиле авионот.