Полната Месечина почнува денес: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Дојде време да решите некои ситуации што ве мачат подолго време или да започнете да реализирате планови што одамна сте сакале да ги постигнете.

Оваа полна Месечина во знакот Овен ќе го осветли вашиот пат на 1 октомври и ќе ви покаже во која насока треба да одите. Пред вас се нови искуства и промени што треба да ги пречекате со раширени раце.

Можно е да паднат некои маски, а некои тајни да излезат на виделина. Многу луѓе ќе треба да се ослободат од минатото и да свртат нова страница и да тргнат на нов животен пат. Полната Месечина носи некаков хаотичен период, но сите ќе излеземе од неа посилни и помудри. Особено поволно ќе влијае за Близнаците и Лавот.

Еве како тоа ќе влијае на другите знаци:

Овен

Полната месечина ви носи енергија што можете да ја искористите за да ги надминете сите пречки што ви стоеја на патот до целта. Ако се потрудите и бидете внимателни, ќе постигнете голем успех во полето на кариерата. Вашата храброст, енергичност и бестрашност сега треба да се заменат со претпазливост.

Бик

Треба да си посветите време себе си во следниот период и добро размислете во која насока сакате да продолжите. Бидете отворени со вашиот партнер ако не сакате да си го комплицирате животот. Што се однесува до работата, дополнителна претпазливост нема да штети. Бидете внимателни кому верувате.

Близнаци

Одлична прилика за заработка на поголема сума пари. На работа сè ќе ви оди од рака, а доколку сте слободни, можно е да запознаете личност која ќе ве заинтригира.

Рак

Кариерата ви оди по нагорна траекторија. Време е да се покажете во најдобро светло и можно е да добиете ненадејна понуда кога станува збор за работата и кариерата. Почнувате да верувате во вашите способности. Можно е некој од блиската околина да го покаже своето вистинско лице и да ве разочара.

Лав

Иако претходниот период беше малку полош, од 1 октомври сè е на подобро. Имате голем оптимизам и сè ќе оди по ваше. Посветете се повеќе на семејството и партнерот.

Девица

Време е вистински да ги расчистите сите работи што ве оптеретуваат и ви создаваат притисок. Бидете внимателни со трошењето пари, постои можност за позајмување. Сè е стабилно во емотивната врска, но вашите пријатели ќе ви создадат главоболка.

Вага

И љубовниот живот и кариерата ви се под влијание на оваа полна Месечина, така што треба да балансирате, за да биде сè е во најдобар ред. Потребни се компромиси, разбирање и поддршка од партнерот за да се избегнат конфликти. Посветете се повеќе.

Скорпија

Сега е важно да се посветите на здравјето. Ако сте без работа, голема е веројатноста да наидете на интересна понуда. Исто така, постои можност да ја сретнете вашата сродна душа на најнеочекуваното место.

Стрелец

Запознавањето со една личност ќе ви остави силен впечаток. Ако сте зафатени, добро размислете дали вреди да се напушти „мирното пристаниште“ поради тоа. Имате голема поддршка од пријателите и семејството, така што сите ситуации ќе ви бидат полесни во наредниот период.

Јарец

Оваа полна Месечина за вас е во знакот на семејството, прибежиштето и мирот. Некои припадници на овој знак би можеле да засноваат заедница со партнерот или да стапат во брак.

Водолија

Треба да обрнете малку повеќе внимание на комуникацијата со околината. Би било добро да контактирате со луѓе кои ви се драги, а не сте ги слушнале долго време. Исто така е вистинско време да расчистите некои работи од минатото и да продолжите понатаму со мирно срце. Посветете се повеќе на себе си.

Риби

Оваа полна Месечина ви носи решителност и поддршка од ѕвездите да ја победите конкуренцијата. На многу Риби им се смешка финансиски напредок. Многу стравови можно е да излезат на површина.

реклама

Зошто авионите не летаат преку Тихиот Океан?

Read more

Најнезаборавните пенали во поновата фудбалска историја

Read more

Десет бизарни предмети од Земјата што сега лебдат во вселената

Read more

Зошто зажалив што ја изгледав цела сезона на „Emily in Paris“?

Read more

Живот

Објавена листата на 25 најубави плажи во светот

Read more

Кога секундите се важни: 8 основни вештини за преживување

Read more

Паметна, верна и самоуверена: Сè што треба да знаете за жената Скорпија

Read more

Балканскиот рис се врати на Галичица по неколку децении

Read more

Магазин

Зошто Шведска нема „втор бран“ на COVID-19?

Читај повеќе

Какви порно филмови сака секој хороскопски знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Yugo запали по 15 години дремење во пустина

Читај повеќе

Диета која трае само 72 часа - дали би ја пробале?

Читај повеќе
  • filter

Објавена листата на 25 најубави плажи во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Кога секундите се важни: 8 основни вештини за преживување

Читај повеќе

Љубовна криза: 5 совети кои ќе ви помогнат да ја надминете

Читај повеќе
  • play_arrow

Што се крие под песокот на Сахара?

Читај повеќе
  • filter

Сè е во деталите: Идеи за уредување на мал стан

Читај повеќе