Постојат повеќе рецепти за полнети компири, но овој е посебен.
Состојки:
400 грама компири
100 грама чадена сланина
1 главица кромид
100 грама кајмак
Сушен зачин и масло за јадење
Подготовка:
Компирите во тавка ставете ги во рерна да се печат 30 минути на 200 степени. На масло испржете ги кромидот и сланината ситно исецкани.
Печените компири откако ќе се изладат исечете ги на половина и средината од компирот издлабете ја. Издлабениот дел од компирот ставете го во сад, додадете ги кајмакот и испржената сланина, па зачинете и се добро измешајте.
Со вака подготвениот фил наполнете ги половинките компири, а потоа вратете ги повторно во рерна уште 10 минути. Врз топлиот компир ставете од преостанатиот кајмак и послужете.