Хроника

Полов напад врз деветгодишно дете од повозрасни деца

20. август 2017 - 15:02 | Макфакс

Вчера во 16 часот и 20 минути, лекар од Медицински центар Охрид во Полициска станица Охрид известил дека кај нив било донесено деветгодишно момче од Охрид, врз кое бил извршен полов напад.

Во 18 часот и 20 минути во Полициска станица Охрид, мајката на детето  пријавила дека на 18.08.2017 година во периодот меѓу 17.00 до 18.00 часот во нивниот дом, нејзиниот малолетен син бил злоставуван од двајца негови другари на возраст од 12 и 10 години.

За настанот биле запознаени Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Охрид.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Коментирај