Половина од новозаразените се од Скопје, најголемиот дел се од 30 до 39 години

Процентот на позитивни случаи од тестирани лица на COVID-19 изнесува 20,3 проценти, најзастапена возрасна група меѓу позитивните случаи е на лица на возраст од 30 до 39 години - 20,9 отсто од заболените, а најголем дел од регистрираните лица се од Скопје, покажа извештајот на  Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до 18 октомври 2020 година.

– Тестирани се вкупно 13.213 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe 2.676 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 19,3 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.375; 51,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија - 228,3/100.000, информираа од ИЈЗ.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Од Институтот соопштија дека најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=559, 20,9 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=522; 19,5 проценти), 20-29 (n=470; 17,6 отсто), над 60 (n=469; 17,5 проценти) и 50-59 (n=443; 16,6 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=79; 3,0 проценти) и 10-19 години (n=134; 5,0 проценти).

– Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1.313; 49,1 отсто), регистрирани се 96 (7,3 проценти) хоспитализирани, а кај 305 (23,3 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 470 (35,9 проценти) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 26 (2,0 проценти) лица со историја на патување (во последни 14 дена), посочија од ИЈЗ.

Од Институтот информираа дека по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.089 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 25 проценти повеќе во однос на минатата недела.

– Пријавени се 49 смртни случаи од 16 градови, зголемување од 58,1 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 38 лица биле над 60 години, 9 лица на возраст од 50-59 години и два смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица, наведоа од ИЈЗ.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Македонија

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Read more

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Read more

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Read more

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more
 

Вести

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе