Повеќе од половина од жените кои претрпеле траума за време на породувањето го одложиле раѓањето на уште деца.

Истражувањето спроведено меѓу 1.000 мајки на порталот Mumsnet покажа дека 79 отсто од испитаничкте доживеале траума за време на породувањето. Тоа се случило како резултат на непланиран царски рез и итно или тешко, продолжено и болно породување.
Скоро две третини од мајките кои доживеале траума при раѓање изјавиле дека чувствуваат „недостаток на сочувство“ од здравствените работници за време на породувањето, додека 44 проценти рекле дека медицинскиот персонал дал изјави кои имплицирале дека тие се „виновни“ за нивното искуство. Приближно 53 отсто од нив велат дека негативното искуство ги обесхрабрило да имаат повеќе деца.
Дури две третини од мајките не веруваат дека здравствените работници направиле сè што можеле за да спречат трауми за време на породувањето.
„Резултатите од ова истражување се вознемирувачки. Тие зборуваат за моето искуство и за страшните искуства на многу други жени. Јасно е дека е потребно повеќе сочувство, образование и подобра грижа за мајките кои претрпеле траума доколку сакаме да ги подобриме физичките и менталното здравје на овие жени“, изјави политичарката Тео Кларк, која и самата зборуваше за сопственото трауматично породување.
Џастин Робертс од Mumsnet ги коментираше резултатите од студијата: „Жените споделуваат ужасни искуства со нас секој ден, овие резултати нагласуваат колку сериозен проблем е ова“.