најавена голема санација

Половина Скопје без вода од 22 часот в петок

На 21 декември, јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе го затвори главниот градски цевковод во кругот на касарната во Ѓорче Петров поради санација на сериозни дефекти.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Најавениот прекин на вода во Скопје ќе биде по 22 часот в петок (20 декември), информира ЈП „Водовод и канализација“.  Вода ќе нема сè до санирање на дефектот, а ќе немаат сите населби од кружниот тек во Ѓорче Петров до Зелениково кои се наоѓаат на десната страна на Вардар.

Јавното претпријатие информира дека вода во Скопје ќе имаат жителите на Чаир, Бутел, Радишани, „Пластичарска“ до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП „Планет“, Сарај, Шутка, Топанско Поле, Новоселски Пат, Кисела Јабука, Стопански Двор, Волково и Орман, а сите останати ќе немаат.

Процесот на санација ќе опфати поправка на еден од поголемите дефекти на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4, каде веќе десетина дена има излевање на вода на улицата.

„Додатно ќе се санираат и три други дефекти на затворачи по должината на главниот цевковод Ф1600 мм, од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар 'Партизански одреди' со улица 'Никола Парапунов'“, соопштија од „Водовод и канализација“.

Цевководот ќе биде затворен за време на интервенцијата, а завршувањето на работите ќе биде соопштено по успешната санација.

„Овој вид на затворање на главниот цевковод не се случува често. Последен пат се изврши вакво затворање во 1991/1992 година. Интервенцијата е неопходна за отстранување на дефекти од овој тип“, велат од „Водовод и канализација“.

Со завршување на санацијата, ќе се подобри водоснабдувањето и ќе се намали загубата на вода, како и ќе се ревитализира водоводниот систем од Ѓорче Петров до Карпош.

Тагови
реклама

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more

Како треба да се чува кромидот за да остане свеж?

Read more

Македонија

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Read more

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Read more

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Read more

Се воведува Итно копче за брза помош на центарци

Read more
 

Вести

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Читај повеќе

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Читај повеќе

Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден

Читај повеќе

Се воведува Итно копче за брза помош на центарци

Читај повеќе