Полска и формално побара 1,2 илјади милијарди долари репарација од Германија

Варшава сака да го седне Берлин на преговарачка маса за „конечна спогодба“ за последиците од агресијата на Адолф Хитлер.

Германски војници маршираат во Полска

Полскиот министер за надворешпни работи, Збигњев Рау, синоќа потпиша дипломатска нота до Германија во која се финализирани барањата за компензација за штетата претрпена од нацистичката инвазија и окупација за време на Втората светска војна

Варшава бара 1,2 илјади милијарди долари, но барањето веќе беше категорично одбиено од страна на Берлин.

Рау изјави дека двете држави треба да направат „итни чекори кон перманентен, сеопфатен и конечен правен и материјален договор во врска со последиците од германската агресија и окупација во 1939-1945“. Дополни и дека мерките би го затвориле болното историско минато и би помогнале да се подобрат билатералните односи.

„Ова е историски ден за цела Полска, сон на генерации Полјаци кои починаа со чувство на неправда“, рече Аркадиуш Миларчик, член на полскиот Парламент кој го предводеше тимот што минатиот месец објави извештај за загубите на Полска за време на војната.

Сејмот, долниот дом на полскиот Парламент, во септември изгласа побарување на 1,2 илјади милијарди долари репарација од Берлин. Портпаролот на полското МНР, Лукаш Јасина, изјави дека Рау ќе го покрене прашањето за време на средбата со неговата германска колешка Аналена Бербок за време на нејзината денешна посета на Варшава.

Германската Влада веќе ги одби најавите за репарација, аргументирајќи дека Варшава го решила правото за репарација во 1953 година кога потпишала договор со Источна Германија и дека тоа прашање  е дефинитивно затворено со договорот за обединувањето на Германија од 1990 година, кој беше потпишан од Западна и Источна Германија, како и од САД, СССР, Обединетото Кралство и Франција.

Во меѓувреме, Полска инсистира дека договорот од 1953 година бил потпишан под притисок од Москва и дека не ѝ било дозволено да учествува при потпишувањето на оној во 1990.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе