Полска ќе ја произведува вакцината на Novavax против COVID-19

Полската биотехнолошка компанија Mabion потпиша прелиминарен договор за производство на вакцината на Novavax против COVID-19 со финансиска поддршка од државниот фонд, како дел од владините напори за забрзување на вакцинацијата на населението.

Mabion денеска објави дека потпишал рамковен договор со американскиот Novavax за трансфер на технологија за вакцината против коронавирусот.

Државниот фонд ПЕР ќе обезбеди 11 милиони долари во облик на заеми и удели за компанијата да може двојно да ги зголеми производствените капацитети во централниот дел на Полска.

– Најголем предизвик кога станува збор за достапноста на вакцините се производствените капацитети. Со тоа сите производители на вакцини имаат проблеми и тоа е причина за доцнењето. Инвестицијата е директен одговор на тие проблеми, изјави директорот на ПЕР, Павел Борис.

Полска има околу 38 милиони жители и досега се вакцинирани над три милиони, главно со вакцините произведени од Pfizer, Moderna и AstraZeneca.

Земјата обезбеди и 8 милиони дози од вакцината на Novavax преку Европската Унија. Сè уште чека одобрување од европските регулатори.

Борис нагласи дека ПЕР веројатно ќе обезбеди дополнителна финансиска поддршка за Mabion доколку е потребно и ќе инвестира во слични компании.

– Ова е еден од најинтересните проекти и една од најголемите можности за Полска навистина да почне со производство на вакцини против COVID-19, додаде Борис.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе