Живот

Полска манекенка си ги тетовирала очите, па ослепела

28. февруари 2020 - 11:23 | МИА

Полската манекенка Александра Садовска целосно го изгуби видот на едното око, откако ги истетовирала очните белки. Лекарите ѝ рекле дека е само прашање на време кога ќе ослепи и на другото око.

Садовска, наводно, одлучила да ги тетовира очите во црно сакајќи да личи на својот сонародник – раперот и боксер Попек. По зафатите, таа почнала да се жали на болка во очите, при што тату-мајсторот ѝ рекол дека тоа е сосем нормално…

Ѝ препорачал само лекови против болки.

По лошите вести, манекенката одлучила да го тужи „уметникот“, па истрагата покажа дека тој при постапката направил неколку грешки, на пр. користел боја за тетовирање кожа којашто не би смеела да дојде во допир со очите. Му се закануваат неколку години затвор.

Тату-мајсторот пред судот изјави дека не се чувствува виновен. Разрешницата на овој случај се очекува наскоро.

Коментирај