Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вчера му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не ги навредува Полјаците, продолжувајќи со својата жестока реторика кон Киев откако полскиот претседател се обиде да ги смири тензиите поради спорот околу увозот на жито.

Минатата недела Полска одлучи да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито, а со тоа ги загрози односите со соседната земја разурната од војна, на која значително и помага од почетокот на руската инвазија во февруари минатата година.

Зеленски ја налути соседната земја кога на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк рече дека Киев работи на зачувување на копнените патишта за извоз на жито, но дека „политичкиот театар“ околу извозот на тој производ само и помага на Москва.

„Сакам да му кажам на претседателот Зеленски никогаш повеќе да не ги навредува Полјаците, како што направи неодамна за време на неговиот говор во ОН“, рече Моравјецки.

Владејачката партија Право и Правда (ПиС) на Моравјецки е на удар на десницата поради нејзиниот наводен поданички однос кон Киев. Аналитичарите веруваат дека тоа го принуди ПиС да заземе поагресивен став кон Киев.

Вчера претседателот Анджеј Дуда, сојузник на ПиС, во обид да ги смири тензиите, изјави дека спорот меѓу двете земји околу извозот на жито нема да ги загрози нивните добри билатерални односи.

Во меѓувреме, полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау во напис за Политико рече дека Полска сака „силна украинска држава“ која ќе излезе од војната со динамична економија и дека Варшава „ќе продолжи да ги поддржува напорите на Украина за влез во НАТО и ЕУ. ”

Словачка и Унгарија, исто така, воведоа ограничувања за увоз на жито од Украина, тврдејќи дека евтиното украинско жито, главно наменето за транзит до западните пристаништа, се продава локално, што им штети на нивните фарми.

реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Потпишан најголемиот договор во историјата на американскиот спорт

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Кои моменти од детството децата ќе ги паметат засекогаш?

Read more

Свет

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Read more

Јужна Америка пред ескалација: Мадуро потпишува закони за анексија на делови од Гвајана

Read more

Топлотен бран ја погоди Австралија: Речиси 15°C над просекот во Сиднеј

Read more

Нацрт-резолуција: Израел мора да ги почитува хуманитарните обврски

Read more
 

Вести

Обдукцискиот наод за Вања сè уште не е изготвен и доставен до обвинителството

Читај повеќе

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Читај повеќе

Левица: Никој не се грижи за бегалците од конфликтот во 2001 година

Читај повеќе

Вучиќ најави изградба на гасна интерконекција кон Македонија

Читај повеќе

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Читај повеќе

Ужас во центарот на Белград: Судир на трамвај и такси

Читај повеќе

Јужна Америка пред ескалација: Мадуро потпишува закони за анексија на делови од Гвајана

Читај повеќе

Полицијата го најде 20-годишникот кој канеше на кафе ученичка во Карбинци, не утврдила елементи на кривично дело

Читај повеќе

Топлотен бран ја погоди Австралија: Речиси 15°C над просекот во Сиднеј

Читај повеќе