Чек дис аут

Полугола Русинка на бизарен начин му оддаде почит на Коби Брајант

29. јануари 2020 - 14:19 | Б.С.Б.

Кинси Волански стана позната по прекинувањето натпревар на Лига на шампионите така што на теренот трчаше скоро гола, а сега направи слична работа. Овој пат, на бизарен начин, му оддаде почит на Коби Брајант.

Познатата 23-годишна Русинка овој пат истрча на скијачка патека на светското првенство во Австрија и го покажа разголеното тело, со порака во рацете на која пишуваше „РИП Коби“.

Кинси Волански влета на патеката пред самиот крај на трката на Италијанецот Алекс Виначеро, кој подоцна на социјалните мрежи објави интересна фотографија и опис во кој се пошегува дека има нова девојка.

Во тој момент Виначеро во слаломот го славеше петтото место, а тогаш сфати дека прва всушност мина Кинси, која го наруши системот за мерење на времето. Изгледа дека скијачот брзо го надмина фактот дека всушност е шести, а утеха најде во смешната фотографија.

Иако на прв поглед ситуацијата изгледа интересно, сепак русокосата Волански повторно се најде како главна тема на осуди и критики.

Коментирај