Помал и поевтин: Nintendo го претстави Switch Lite

Новиот Switch е веќе на патот до вашите раце, помал, попрактичен и поевтин од било кога. Денеска Nintendo ја претстави алтернативната верзија на ултрамодерниот „гембој“, наречен Switch Lite.

Дизајниран специјално за употреба додека е во вашите раце, новиот Switch Lite нема да може да се поврзе со телевизор и копчињата се вградени на самиот уред, но затоа тој чини 199 долари – цели 100 долари помалку од регуларниот Switch.

Со новиот Switch Lite доаѓаат неколку значителни подобрувања. Како прво, тој е полесен, што е очекувано со оглед на тоа дека е нешто помал од регуларниот уред. Копчињата се поставени идентично и функционираат исто како кај неговиот поголем претходник, но контролата на играчот овојпат е далеку поголема бидејќи тие се вградени на самиот уред.

Од Nintendo велат дека Switch Lite доаѓа со зголемено траење на батеријата, благодарение на енергетско ефикасните чипови вградени во него, но и поради дополнителните батерии вградени во пределот кај копчињата.

Новиот уред доаѓа во три регуларни бои: жолта, сива и тиркизна, но и една специјална боја – светло сива, наречена Pokémon Sword, а сите комбинации имаат пријатна мат текстура која овозможува поголема контрола за играчот. Екранот е нешто помал од оној на Switch, но квалитетот е и понатаму одличен, емитувајќи слика во 720p. За разлика од неговиот претходник, чиј екран беше со големина од 6,2 инчи, Switch Lite доаѓа со 5,5-инчен екран кој исто така поседува touchscreen технологија.

Switch Lite ќе дебитира на пазарот на 20 септември оваа година, на истиот ден како и видеоиграта „Link’s Awakening“. Посебната верзија наречена Pokémon ќе се појави на 8 ноември и ќе чини исто така 199 долари.

реклама

Гејминг

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе