Помалку познати симптоми кои укажуваат на анемија

Недостатокот на железо во организмот е главната причина за анемија.

Тоа може да доведе и до голем број други здравствени проблеми. Најчестиот знак дека ви недостасува железо е постојан замор, но има и други, помалку познати симптоми. Сепак, какви и да имате симптоми, најдобро е да направите тест на крвта, кој дефинитивно ќе покаже колку железо има во вашето тело.

Еден од помалку познатите симптоми е желбата да се јадат непрехранбени производи кои не се јадат. Научниците немаат конкретно објаснување зошто луѓето со недостаток на железо често копнеат за нешта што не се јадат, како што се чакал, глина, креда, тули, картон и друго.

Ова нарушување се нарекува пика, тоа е привремено и не се знае точната причина, но недостатокот на железо, цинк и други хранливи материи во телото може да го предизвика.

Слаби и кршливи нокти или нокти со линии и јами може да укажуваат на недостаток на железо. Бидејќи овие симптоми може да бидат предизвикани и од друг здравствен проблем, најдобро би било да се направи тест на крвта.

Луѓето со недостаток на железо може да страдаат од суви и испукани усни. Дури една третина од луѓето со недостаток на железо имаат состојба наречена аголна хелитис, која предизвикува пукање на аглите на усните.

Отечениот јазик е уште еден симптом кој често се занемарува. Се нарекува и атрофичен глоситис. Кога јазикот отекува, вообичаените гребени на јазикот исчезнуваат и тој изгледа мазен и мек. Може да предизвика проблеми со џвакањето, голтањето или зборувањето.

Некои луѓе доживуваат постојана желба за мраз, состојба медицински наречена пагофагија и е еден од најчестите симптоми на недостаток на железо. Не е познато зошто се појавува желба за мраз, но се смета дека го смирува отечениот јазик. Не треба да паничите ако сакате мраз, освен ако не го консумирате прекумерно.

Синдромот на немирни нозе е состојба која се карактеризира со непријатна сензација во нозете, со неодолив нагон за движење на нозете. Пациентите го опишуваат како чувство на пецкање, како инсектите да ги галат по нозете. Иако лекарите не се сигурни што ја предизвикува оваа состојба, недостатокот на железо е една од причините.

Тагови
реклама

Здравје

Три симптоми на рак на панкреасот што често се занемаруваат

Read more

Колку јајца може да изеде здрав човек во еден ден?

Read more

Не ги игнорирајте: 8 знаци дека треба да посетите гастроентеролог

Read more

Сигнали од телото што може да значат дека недостасува витамин Д

Read more
 

Магазин

Паровите кои ја разбираат вистинската емоционална зрелост никогаш не избегнуваат 4 обврски

Читај повеќе

Едноставна стратегија со која вашите деца ќе јадат повеќе зеленчук и овошје

Читај повеќе

Како да се надмине пролетниот замор поради чувството на исцрпеност и губење на мотивацијата?

Читај повеќе

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Читај повеќе
  • play_arrow

Три симптоми на рак на панкреасот што често се занемаруваат

Читај повеќе

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Читај повеќе

Тајниот син на Владимир Путин прв пат виден во јавност

Читај повеќе

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Читај повеќе

Колку јајца може да изеде здрав човек во еден ден?

Читај повеќе