Тифани Трамп синоќа беше фатена од папараците како одвај стои на нозе додека излегува од елитен бар во Лондон, поради што мораше да се придржи за телохранителот и да го фати за рака.
Тифани е единствената ќерка на претседателот Трамп од бракот со Марла Мејплс и се смета за детето кое „отскокнува“ од семејството. Тифани е на одмор во Лондон со мајка ѝ и се чини дека си поминала повеќе од весело во ексклузивниот клуб The Arts Club во елитната населба Мејфер во Лондон, а подоцна кога излегуваше од латино барот MNKY HSE веќе не можеше да стои на високите потпетици, па ѝ беше потребна помош да стигне до СУВ возилото што ја чекаше на улица.
24-годишната Тифани е целосна спротивност на полусестрата Иванка Трамп која ги следи политичките и бизнис стапки на нивниот славен татко.