Помогни ми да напишам: Gemini AI сега може сам да пишува и уредува е-пошта

Функцијата Help me write ја користи помошта на четботот Gemini AI за пишување и уредување е-пошта, на корисниците им се прикажува како посебна опција кога ќе отворат празно поле за да напишат нова е-пошта во Gmail.

Во последно време Google се обидува во својата голема мрежа на интернет производи и услуги што е можно повеќе да го интегрира Gemini AI, чет-ботот базиран на вештачка интелигенција. Сега на ред е најпопуларната веб-пошта во светот - Gmail, каде Google веќе некое време работи на подобрување на начинот на пишување мејлови.

Затоа, една од најпопуларните алатки на пакетот Google Workspace сега доаѓа на Gmail, заедно со нова кратенка која ќе им помогне на корисниците да го подобрат пишувањето пораки на е-пошта.

Функцијата Help me write ја користи помошта на четботот Gemini AI за пишување и уредување е-пошта. На корисниците им се прикажува како посебна опција кога ќе отворат празно поле за пишување нова е-пошта во Gmail.

Функцијата Help me write им дава предлози на корисниците како да формираат, прошират или скратат и сумираат порака.

Help me write, со помош на Gemini AI, составува пораки за кратко време врз основа на претходни шаблони преземени од често разменети и повторувани типови пораки и одговори на рутински разговори, ослободувајќи го времето на корисникот за посложени задачи и детална посложена кореспонденција.

Верзијата на Gmail за мобилни уреди добива нова кратенка - Refine my draft, која ја заменува функцијата Help me write.

Наместо опции за формирање, проширување или скратување на текстот на пораката, оваа функција автоматски ги обработува пораките со притискање на копчето Polish.

Функцијата Help me write за Gmail моментално е достапна само за оние корисници што плаќаат за претплата на Google One AI Premium или го користат додатокот Gemini AI во пакетот Workspace.

Тагови
реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Софтвер

Милиони прегледи и приходи: Истражување покажува дека AI отпад го преплавува YouTube

Read more

Истражувањата покажуваат дека AI кодот е полн со грешки

Read more

Android добива мноштво нови функции за пристапност

Read more

Instagram воведува ограничување од три хаштагови по објава

Read more
 

Гик

iPhone Fold би можело да користи течен метал

Читај повеќе

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Читај повеќе

Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето

Читај повеќе

Микрогравитацијата на МВС им помага на вирусите да ги победат бактериите отпорни на лекови

Читај повеќе

Како да го спречите Google да ве следи?

Читај повеќе

Apple со важно предупредување за сите корисници на iPhone

Читај повеќе

Првата офшор ветротурбина од 20 MW инсталирана во Кина, ќе напојува 40.000 домови

Читај повеќе

Rockstar Games ги забранува мисиите во GTA Online поврзани со атентатот на Чарли Кирк

Читај повеќе

iPhone 17e носи важни подобрувања: Што знаеме за најевтиниот модел?

Читај повеќе