ЛА ЛИГА 2020/21

Помошникот на Зидан го врати Реал на победите

По три натпревара без победа, кралскиот клуб синоќа славеше на гости кај Алевес, а од клупата командуваше помошникот на Зидан.

Откако поради позитивен тест на коронавирусот Зинедин Зидан мораше да замине во изолација во петокот, на кормилото на Реал Мадрид седна неговиот помошник, 49-годишниот Давид Бетони.

Мадриѓаните гостуваа во баскискиот град Виторија-Гастеис каде на „Мендизороца“ стадионот се сретнаа со Алавес, тим од долниот дел на табелата.

Уште по првите 45 минути гостите ја обезбедија победата која ја начнаа со голот на Каземиру во 15. минута, а токму пред паузата ја зголемија. Карим Бензема во 41. минута го дуплираше водството, додека Еден Азар во надополнувањето ги дотолчи домашните. Тони Крос аситираше на два од трите гола.

Алавес во 59-тата постигна гол преку Хоселу за искра на надеж, но единаесет минути подоцна Бензема со својот втор гол им ја запечати судбината.

Remote video URL

Со оваа победа Реал ја прекина мини-кризата која траеше три натпревара, а почна со ремито без голови кај Осасуна. Продолжи со елиминацијата од Атлетик во полуфиналето од Суперкупот, а кулминираше со срамното испаѓање од Копа дел Реј од третлигашот Алкојано по продолженија.

Реал е втор на табелата во Ла Лига со 4 бодови помалку од Атлетико, но и два натпревара помалку.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе