Помпео: Нема настрана да стоиме и да гледаме што прави Русија во Венецуела

Вашингтон, 25 мај 2019 (МИА) – Државниот секретар Мајк Помпео ја предупреди Русија дека САД нема да „стојат настрана” додека Москва распоредува воен персонал во Венецуела, за поддршка на режимот на претседателот Николас Мадуро.

Во телефонскиот разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Помпео ја осуди растечката руска воена поддршка, оценувајќи дека ја продолжува политичката криза во таа јужноамериканска земја.

Помпео му рекол на Лавров дека „САД и земјите од регионот нема да стојат настрана додека Русија ги разгорува тензиите во Венецуела”, се наведува во соопштението од Стејт департментот, во кое се цитира разговорот.

-Континуираното воведување руски војници за поддршка на незаконскиот режим на Николас Мадуро во Венецуела ризикува да ги продолжи страдањата на Венецуелците кои го поддржуваат привремениот претседател Хуан Гуаидо, рече потенцирал Помпео..

Гуаидо е поддржан од САД и повеќето земји од Латинска Америка и Европа, но не и од Русија и Кина.

Помпео ја повика Русија „да го запре своето неконструктивно однесување” и да го поддржи Гуаидо. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе