Понеси дел од Маврово со себе – погледнете ја новата колекција на Тошева во соработка со Моки

Александра Спасеска
/ 28.01.2021 / 09:37

Со топла и идилична фотографска приказна, дизајнерката Ирина Тошева ја претстави новата екслузивна модна соработка со Моки и Ресорт Маврово.

Станува збор за две миниколекции на облека и додатоци со потписот на Тошева, надополнети со илустрациите и ракописот на Моки, a изработени наменски за посетителите на Маврово. 

„Удобноста е од најголема вредност изминатиов период. Првата колекција се состои од два типа пижами, кои освен пријатното чувство од памучниот материјал, како и лежерноста во кројот, делуваат мошне привлечно и елегантно. Горните парчиња може одлично да се стилизираат и да се носат дури и надвор. Украсени се со везени букви од Моки во кирилична и латинична варијанта. Пижамите се достапни во четири бои и четири конфекциски броеви. Остатоците материјал, пак, ги искористивме за маски за очи и вреќички“, објаснува Ирина Тошева.

Втората миниколекција, којашто дизајнерката ја нарекува „Разгледници од Маврово“,  се состои од унисекс блузони и дуксери, со илустрациите на Моки, кои се појавуваат и на перниците и торбичките.

„Низ моите илустрации, на едноставен и суптилен начин се обидов да ги прикажам богатствата што ги нуди Маврово. Смирената атмосфера на цртежите одлично се вклопи со креациите на Ирина Тошева, создавајќи парчиња што се естетски привлечни, но и имаат посебна вредност, затоа што се сувенир којшто долго може да се носи на себе”, истакнува Моника Стојановска од Моки.

Двете колекции се спакувани во топла и идилична зимска приказна со Кристина Филиповска од модната агенција „Подиум”. Фотографиите се дело на Александра Костадиновска. За шминката е заслужна Сим Салтирова.

„Сите производи се одличен сувенир, во лимитирани количини и може да се купат во Bistra Design Store во Хотел Бистра. Благодарна сум на можноста и довербата од тимот на Ресорт Маврово кои отворено ги прифатија сите мои идеи и предлози и помогнаа во реализација на истите”, заклучува Ирина Тошева.

За сите оние кои сакаат сувенир кој ќе ги потсетува на Маврово, Bistra Design Store во Хотел Бистра во Маврово е местото, каде што ќе можете да најдете маички, дуксери, лончиња, беџови, торбички и други рачни изработки со мотиви од ова прекрасно место, изработени од македонски познати дизајнери и креативни студија. На тој начин секогаш ќе можете да носите дел од Маврово со себе.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе