Понуда до студентки на универзитетски саем: И ти можеш да станеш проститутка

Универзитет во Брајтон организираше саем за бруцошите на кој на идните студенти освен информации за класичните катедри имаа прилика да дознаат сѐ што ги интересира за работата во секс-индустријата.

Универзитетот еден од штандовите на саемот го изнајмил на организацијата Sex Workers Outreach Project (SWOP) што во описот на дејност има ставено дека е дискретна и доверлива услужна организација за жени кои сакаат да работат во областа на проституцијата, а покрај информациите што им ги давале на младите жени, делеле и кондоми и лубриканти.

„Ако ги покривате трошоците за школувањето со проституирање или се мачите да ги вклопите работните со школските обврски, или ако само сакате да разговарате со некого, а не знаете кому да се обратите, ние сме тука за вас. Ги почитуваме вашата приватност и независност“, напиша организацијата на Twitter додека се одржуваше саемот за студенти.

Но, ваквиот потег на универзитетот не им се допадна на сите, а меѓу најгласните критичари беше писателката и феминистка Џули Биндел.

„Ова е во најмала рака срамота. Ме разгневува фактот дека трговијата со секс стана нешто сосема нормално и што им се пропагира на жените како безопасен и чесен начин да заработат за живот“, напиша таа на Twitter и многумина се согласија со неа.

Откако многу корисници на социјалните мрежи гневно реагираа, се огласи и самиот универзитет:

„SWOP беа дел од саемот со цел да се подигне свеста за поддршката што ја пружаат во случај некому да му притреба таква помош. Не дојдоа со цел да ја пропагираат проституцијата како опција за вработување. За жал, некои луѓе на погрешен начин го сфатија нивното појавување на саемот“, рече претседателот на студентскиот совет Том Ибукун.

Ваквото објаснување од универзитетот не ги смири страстите и не го избриша впечатокот дека на студентките им било нудено да работат како проститутки за да си го платат школувањето.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе