Пописот догодина наесен или во април 2021 година

Скопје, 29 октомври 2019 (МИА) – Два можни термина за спроведување на Пописот, кој беше одложен поради предвремените парламентарни избори, се есента 2020 година и април 2021 година. Премиерот Зоран Заев денеска посочи дека ќе се почитуваат препораките до Државниот завод за статистика, но и дека многу е важно прво да се донесе Законот за попис.

– Дали ќе имаме попис во 2020 или 2021 година, законот треба и мора да го донесеме заради тоа што пробниот попис успешно помина и државата мора да има попис, изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се донесе Законот за попис.

Изрази уверување дека Законот ќе биде донесен и дека проценката на Заводот за статистика ќе биде конечна.

– Ја видов изјавата на евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој апелираше законот да се донесе, а одлуката е 2020 или 2021 година. Знаете и дека опозицијата имаше забелешки, дајте да се одложи пописот. Сега веќе кога одлучивме консензуално изборите да бидат април 2020 година, тогаш ја губиме пролетта за одржување на пописот, изјави Заев.

Очекувам, нагласи Заев, деновиве Заводот за статистика да предложи до Владата стручна анализа како тие гледаат на одржувањето на пописот.

Државниот завод за статистика, денеска во соопштене до медиумите, информираше дека ќе даде предлог до Министерството за правда, кое е официјален предлагач на Законот за попис на население, домаќинства и станови, периодот на спроведување на Пописот да се пролонгира за април 2021 година, а Законот за Попис на население, домаќинства и станови да биде донесен пред формирање на техничката Влада.

Воедно, Државниот завод за статистика изјавува дека е подготвен за разгледување на можностите за усогласување на сите отворени забелешки поврзани со Пописот со сите релевантни чинители во државава.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе