Пописот ќе се спроведе безбедно и не постои шанса за ширење на вирусот, порачаа надлежните

Сè е подготвено за почеток на пописот на населението и објектите кој стартува утре. Пописот ќе се спроведе безбедно со почитување на здравствените протоколи и не постои никаква шанса за ширење на вирусот, порачаа надлежните на денешната прес-конференција.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски соопшти дека институциите се подготвени за најголемата статистичка операција во земјава која не е спроведена речиси 20 години и ги повика граѓаните да ги примат попишувачите.

– После речиси 20 години, премежја, опструкции и одоговлекувања конечно сме на прагот да започнеме со теренската работа и со собирањето на потребите податоци. Сите подготовки се завршени. Комисите на пописните регони заедно со нашите државни инструктори успешно ги завршија обуките на реонските инструктори и попишувачи и денеска се излезени на терен во обиколка на своите пописни кругови, истакна Симовски.

Министерот за правда Бојан Маричиќ порача дека пописот ќе се спроведе безбедно и оти попишувачите се обврзани доследно да ги почитуваат протоколите.

– Попишувањето ќе се спроведе безбедно, почитувајќи ги здравствените протоколи, а попишувачите се обврзани доследно да ги применуваат. Не постои никаква шанса за ширење на заразата. Попишувањето ќе биде безбедно, со најдобра технологија, брзо и ефикасно и инклузивно на сите јазици кои се говорат во РСМ. Никој да не биде изоставен и сите да земат учество за да ја добиеме реалната слика, нагласи Маричиќ.

Истакна дека пописот е неоходен за да може да се добијат да се добијат точни информации за населението и за објектите кои се клучни во креирањето на идните политики во земјава.

– Пописот е натпартиска статистичка операција и задоволен сум што сите релевантни поголеми политички партии го поддржаа. Пописот е потребен пред сè за да се создадат услови граѓаните да живеат поубаво. Ова го правиме за нив, рече Маричиќ.

Надлежните на денешната прес-конференција порачаа дека се вложени огромни напори да се организира пописот и оти сега останува на граѓаните заеднички да помогнат да се реализира оваа статистичка операција. 

реклама

Решена е вековната мистерија за националноста на Кристофер Колумбо

Read more

Majката на Вања: Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на Google првин нè однесе во напуштена куќа

Read more

Првите аларми за рак на дојка кои не треба да се игнорираат

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Македонија

Митева најави скок на платите во образованието за 46%

Read more

Адвокатот Туферџиќ: Мајката мислела дека Вања побегнала од дома

Read more

Грејната сезона почнува утре, но не и за осум училишта во Карпош

Read more

Majката на Вања: Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на Google првин нè однесе во напуштена куќа

Read more
 

Вести

Се шират снимки од грозоморно руско „човечко сафари“: Ловат цивили со дронови

Читај повеќе

22-годишна жена обвинета за измама со изнајмување на станови во Скопје

Читај повеќе

Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала

Читај повеќе

Митева најави скок на платите во образованието за 46%

Читај повеќе

Адвокатот Туферџиќ: Мајката мислела дека Вања побегнала од дома

Читај повеќе

Грејната сезона почнува утре, но не и за осум училишта во Карпош

Читај повеќе

Majката на Вања: Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на Google првин нè однесе во напуштена куќа

Читај повеќе

Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе