По долго спиење можно е да се чувствуваме уморни и нерасположени. Сепак, попладневната дремка која трае половина час благотворно делува на нашиот организам.

Нема ништо подобро од тоа кога ќе се вратите дома по напорниот ден на работа, ќе ручате, па ќе се завиткате во ќебе и ќе дремнете половина час. Сепак, тоа не значи дека треба да лежите и да спиете неколку часа, предупредуваат експертите. Здравата попладневна дремка треба да трае помеѓу 20 и 30 минути.
Ако спиете предолго, ќе се чувствувате уморни и летаргични. Меѓутоа, ако дремнете кратко, ќе бидете полни со енергија, среќни и одморени. Освен тоа, позитивно влијае на фокусот и концентрацијата, а студија од 2009 година тврди дека испитаниците кои често дремеле попладне имале многу силна концентрација не само по тој краток сон, туку и во остатокот од денот. Кај луѓето кои не мирувале попладне концентрацијата се намалувала во текот на денот, па навечер не биле продуктивни.

Спиењето е пресудно за подобро учење, помнење, но и за процесот во кој мозокот треба да го обработи наученото. Дремката може да помогне новото знаење да се вкорени во мозокот и да ја подобри меморијата. Дремката од само 60 до 90 минути дневно може да помогне во учењето исто како и спиењето цела ноќ, докажаа научниците.
Кратката пауза во текот на денот ни дава физичка сила и енергија, па телото полесно се справува со стресните ситуации, особено ако не спиете доволно.
Неодамнешните истражувања покажаа дека дремењето попладне го намалува стресот и го зајакнува имунолошкиот систем, па спуштете ги ролетните и одморете се. Телото ќе ви биде благодарно, а вие ќе се чувствувате подобро и попродуктивно.