Поплавите во Северна Кореја можеби ги оштетиле нуклеарните постројки

Сателитски снимки покажуваат дека поплавите во Северна Кореја можно е да предизвикале штета на цревата за испумпување вода од најголемите нуклеарни постројки во земјата.

Ова го соопшти американската истражувачка организација 38 North чии аналитичари ја набљудуваат Северна Кореја. Тие истакнуваат дека сателитските снимки од периодот од 6 до 11 август покажуваат колку се разладните системи на нуклеарниот реактор во истражувачкиот центар Yongbyon неотпорни на лоши временски услови.

Корејскиот Полуостров го зафати еден од најдолгите врнежливи периоди во поновата историја, а поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикаа штета и смртни случаи и во Северна и во Јужна Кореја.

Истражувачкиот центар Yongbyon се наоѓа на брегот на реката Курбјонг, на околу 100 километри северно од Пјонгјанг. Таму се наоѓаат нуклеарни реактори, фабрика за преработка на гориво и за збогатување ураниум.

URL

Во извештајот на 38 North се истакнува дека сѐ укажува на тоа дека реакторот со моќност од 5MW за кој се верува дека произведувал збогатен ураниум, не работи веќе некое време, а дека не е во функција ни „експерименталниот реактор за лесна вода“. Аналитичарите сметаат дека поради поплавите реакторот најверојатно ќе биде целосно исклучен.

„Штетата на пумпите и испумпувањето во складиштето претставуваат најголему закани за реакторите. Ако реакторите работат и не може да се разладат, тогаш мора да се исклучат“, стои во извештајот.

Севернокорејските медиуми не спомнуваат никаква штета на реакторите, а изминатава недела објавија дека лидерите ги посетиле подрачјата загрозени од поплавите.

Јужнокорејското Министерство за одбрана одби да го коментира извештајот на американската организација, но наведе дека секогаш ги следи настаните поврзани со севернокорејските ракетни и нуклеарни програми, како и дека одржува тесна соработка со американската државна администрација.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе