Попова Шапка доби Информативно-едукативен Центар и две соларни еко-зони за одмор во две бачила

Скопје, 12 јуни 2021 (МИА) – Во срцето на Ски-центарот „Попова Шапка“, денеска се отвора Информативно-едукативен центар чија цел е на сите посетители да им обезбеди информации за историјата, флората и дивиот свет на Шар Планина, како и едукација за различни активности и можности за спорт на планина, вклучувајќи патеки за пешачење и велосипедизам, скијање, алтернативни форми на туризмот во текот на целата година, безбедносни протоколи, капацитети за сместување и услуги, информираат од Здружението планинарскиот клуб „Шара-ски“ – Тетово.

Од Здружението додаваат дека Едукативниот центар, кој е прилагоден на околината и опкружувањето и е изграден од природни материјали, нуди простор за организирана посета на поголеми групи и екскурзии на основци, средношколци и студенти.

Во центарот посетителите ќе најдат разновидна печатена, фото и видео документација за Попова Шапка, а на располагање им е и водич кој ќе може да им ја објасни содржината на едукативниот агол. Дополнително, центарот е опремен со предавална, пулт, дрвени штандови, места за напојување со електрична енергија, простор за одмор на отворено, ТВ, компјутер и проектор.

Покрај Информативно-едукативниот центар, како што велат од Клубот, во сабота ќе бидат пуштени во употреба и двете еко-зони опремени со фотоволтаични панели и простор со маси и клупи за одмор. Овие еко-зони за одмор се наоѓаат на висок планински терен, по должината на познатата “High Scardus Trail” патека и се сместени во Бачило „Извори на реката Пена“ и Бачило „Грагор – Љуботен“. Еко-зоните во бачилата им овозможуваат на планинарите и посетителите место за одмор, пристап до електрична енергија за полнење на своите уреди, топли пијалоци и дегустација на традиционална храна.

Во Ски-центарот „Попова Шапка“ се поставени и информативни табли со детални информации за посетителите за еко-зоните.

Отворањето е предвидено за 13 часот во манастирскиот комплекс на Попова Шапка.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе