Популарен лек може да го намали ризикот од рак на дебелото црево

 

Само два аспирина неделно може да помогнат да се намали ризикот од рак на дебелото црево кај возрасните кои водат нездрав начин на живот, открива новото истражување од Mass General Brigham. Во студијата беа вклучени речиси 108.000 здравствени работници. Најголем дел од испитаниците биле на возраст од 50 години.

Истражувачите го следеле нивниот внес на аспирин и им доделиле оцена за начинот на живот врз основа на индексот на телесна маса, консумирањето алкохол, физичката активност, исхраната и склоноста кон пушење.

Редовната употреба на аспирин беше дефинирана како две или повеќе стандардни таблети (по 325 милиграми) или најмалку шест таблети со ниски дози (по 81 милиграми) неделно.

Учесниците биле следени повеќе од три децении, а истражувачите документирале околу 2.500 случаи на рак на дебелото црево. Тие откриле дека оние со понездрав начин на живот - особено ако се со прекумерна тежина или тешки пушачи - имаат најголема корист од употребата на аспирин во споредба со нивните поздрави врсници.

Нездравите учесници имале 3,4% шанси да добијат рак на дебелото црево доколку не земале аспирин редовно, во споредба со 2,1% шанса за оние кои земале. Меѓу најздравите учесници, стапките на рак на дебелото црево биле 1,5% во групата со аспирин и 1,6% во групата без аспирин. Наодите беа објавени во списанието JAMA Oncology.

Ракот на дебелото црево е еден од најчестите видови на рак во светот

„Нашите резултати покажуваат дека аспиринот може пропорционално да го намали значителниот ризик кај оние со повеќе фактори на ризик за колоректален карцином“, рече д-р Даниел Сикави, главен автор на трудот и гастроентеролог во Општата болница во Масачусетс.

„Спротивно на тоа, оние со поздрав начин на живот имаат помал основен ризик од колоректален карцином, така што нивната корист од аспиринот сè уште беше очигледна, иако помалку изразена“, додаде Сикави.

Ракот на дебелото црево е еден од најчестите видови на рак во светот. Тоа е исто така една од болестите поврзани со дебелината која е се поприсутна кај помладите генерации.

Истражувачите велат дека аспиринот може да му помогне на имунолошкиот систем да ги идентификува и таргетира клетките на ракот, да го инхибира воспалението, фактор на ризик за колоректален карцином и да го промовира растот на корисни цревни бактерии.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Read more

Исфрлањето на алкохолот може ефикасно да помогне во топењето на салото на стомакот

Read more

Здравје

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Read more

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Read more

Кои витамини (не) треба да ги земате пред спиење?

Read more

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Read more
 

Магазин

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Читај повеќе

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Читај повеќе

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Читај повеќе

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Читај повеќе