Популарната апликација постара од Windows доби значително подобрување по над 40 години

Најновата верзија на популарната текстуална апликација Notepad доби функции познати од Word, откако претходно беше овозможено користењето на темниот режим и некои други нови опции.

Компанијата Microsoft додаде нови функции на една од своите најстари апликации, која е составен дел на сите нејзини оперативни системи веќе 41 година, од 1983 година. Тоа е популарниот текстуален процесор Notepad, чија прва верзија 1.0, инаку, е постара од самиот Windows и официјално „родена“ во ноември 1985 година.

Најновата верзија на популарната апликација доби функции познати од Word, како „Spellcheck“ (Проверка на правопис) и „Autocorrect“ (Автоматска корекција), па сега може да го проверува правописот на напишаниот текст и автоматски да ги коригира правописните грешки.

Проверката на правописот во Notepad е речиси идентична со начинот на кој Word или интернет прелистувачот Edge ги означува погрешно напишаните зборови, односно е подвлечена со црвена линија која јасно ја означува грешката и нејзиното место во текстот.

Се разбира, опцијата за проверка на правописот во Notepad може да се исклучи во поставките. А, кога е вклучена, автоматската корекција автоматски ги коригира печатните грешки, освен ако не ја оневозможите во поставките.

Темен режим на Notepad во Windows 11

Microsoft објави и започна со тестирање на две нови функции во март. Претходно, Notepad веќе го овозможи користењето на Dark Mode, функцијата Find and Replace, бројачот на внесени знаци, јазичиња, како и интеграција и користење на chatbot на Microsoft Copilot AI.

А, доколку сте еден од честите корисници на популарниот текстуален процесор, а вашиот Notepad сè уште нема овозможено ниту една од горенаведените функции и опции, тоа значи дека немате инсталирано Windows 11 на вашиот компјутер, бидејќи новите функции не се достапни за постарите верзии на тој оперативен систем.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Софтвер

Начинот на кој го користите ChatGPT открива една работа за вас

Read more

Како бесплатно да го спасите компјутерот кога ќе заврши поддршката за Windows 10?

Read more

YouTube тестира Premium план за двајца корисници

Read more

ЕУ го казни TikTok со 530 милиони евра

Read more
 

Гик

Најдобрите Android телефони за 2025

Читај повеќе

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Читај повеќе

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Читај повеќе

Android 16 е значително побезбеден и поотпорен на измами

Читај повеќе

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Читај повеќе