„Трендовите доаѓаат и си одат, но стилот е вечен“, гласи славната изрека на легедарната дизајнерка Коко Шанел.
Не би можеле повеќе да се согласиме, но понекогаш ни причинува огромно задоволство кога некој тренд се провлекува од сезона во сезона и преминува во еден вид „безвременско парче“ што станува составен дел од стилот на луѓето со беспрекорен моден вкус.
Исто така во насока на паметното купување облека и против безумното трупање гардероба и обувки, се радуваме што еден популарен тренд од претходните сезони уште е актуелен и се чини ќе се задржи долго време: чорап-чизмите.
Рециклирајте ги овие прекрасни чизми што ја издолжуваат ногата и комбинирајте ги во некој од трендовите актуелни за оваа сезона.