Фудбал
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК 2019/20

Поради Цеца, дербито Брегалница - Тиквеш ќе се игра во четврток

17. септември 2019 - 14:18 | Ф.З.

Настапот на фолк-пејачката Цеца на Пастрмалијадата во Штип им направи проблеми на фудбалерите чиј натпревар на крајот доби нов термин.

Дербито за врвот во втората лига Исток помеѓу Брегалница и Тиквеш требаше да биде вистински саботен спектакл со оглед на тоа што се планираше вечерен термин под рефлектори и полн стадион на кој и еден куп гостински навивачи.

Но, викендов во Штип се одржува и традиционалната Пастрмалијада на која токму в сабота ќе настапи и популарната Цеца.

Бидејќи големиот дел од локалната полиција ќе биде задолжена за обезбедување на настанот, од СВР Штип ѝ наложија на Брегалница да најде друг термин за дербито, па така сега истото ќе се игра во четврток со почеток од 19 часот.

Коментирај