Филмот „Anyone but You“ ги врати романтичните комедии на голема врата, а судејќи по популарноста на социјалните мрежи, воскресна и песна од 2004 година.

Станува збор за песната „Unwritten“ на Наташа Бедингфилд, која е оживеана и се појавува на најслушаните топ листи ширум светот, како и една од најкористените музики за позадина за видеа на TikTok.
„Anyone but You“ пристигна во кината на крајот на декември 2023 година, а оттогаш популарноста на хитот од 2004 година не опаѓа. Во првите неколку дена по објавувањето на оваа романтична комедија, песната „Unwritten“ имаше повеќе од милион стримувања на онлајн платформите.
На TikTok има десетици илјади „Unwritten“ видеа, а некои од нив имаат милиони прегледи.
Самата пејачка сподели видеа од корисниците кои уживаат во обновената популарност на овој хит, а неодамна настапи и на People's Choice Awards каде ја изведе токму оваа песна.
@pokemonmasterzo I drench myself in words unspoken almost every day #fyp #unwritten #natashabedingfield ♬ Unwritten - Natasha Bedingfield
„И порано имав песни во филмови, но овој пат навистина ми се допаѓа начинот на кој се користи на таков посебен начин што прави да се чувствуваш радосно. Луѓето всушност ја пеат додека го напуштаат киното“, изјави Наташа за NME.
Режисер на филмот е Вил Глак, а главните улоги ги толкуваат Глен Пауел (Бен) и Сидни Свини (Биа).
Бен и Биа изгледаат како совршен пар, но по неверојатниот прв состанок, се случува нешто што ја претвора нивната огнена привлечност во ледена - додека неочекувано не се најдат заедно на свадба во Австралија. Така, тие го прават она што би го направиле било кои двајца зрели возрасни - се преправаат дека се пар.