Поради контроверзиите AstraZeneca ја преименува вакцината во Vaxzevria

Не постои повеќе вакцина AstraZeneca. Поради лошото реноме кои ѝ се залепи на вакцината од британско-шведскиот производител, отсега таа е ребрендирана и се вика Vaxzevria.

Вакцината против COVID-19 на AstraZeneca доби ново име, потег кој компанијата го повлече во еден од обидите да ја увери јавноста дека нејзината вакцина е тотално безбедна откако бројни случаи со различни несакани ефекти се појавија ширум светот.

Британско-шведската фармацевтска компанија претходно својата вакцина ја нарекуваше AstraZeneca COVID-19 Vaccine, или едноставно AstraZeneca. На официјална прес-конференција, од компанијата објаснија дека сменето е само името.

„Менувањето на името воопшто не носи и промена во самата вакцина. Но, медицинските лица треба да бидат свесни за ребрендирањето бидејќи пакувањето и ознаките ќе изгледаат различно“, наведоа од AstraZeneca.

Промената доаѓа откако претходно AstraZeneca поднесе барање до ЕМА за запишување на вакцината под новото име, кое беше одобрено.

Во понеделникот, Канада се приклучи на листата на земји кои ја стопираат вакцинацијата или воведуваат рестрикции за нејзината употреба. Канаѓаните како причина за таквиот потег наведоа дека вакцината не треба да им се дава на лица помлади од 55 години.

И во главниот германски град Берлин вакцинацијата е прекината за лица помлади од 60 години поради нови податоци кои влеваат сомнеж за несакани ефекти.

Вакцината сѐ уште не е одобрена ниту за итна употреба во САД.

Јавно испитување објавено минатата недела од YouGov покажува дека само 23% од Французите и 32% од Германците сметаат дека вакцината на AstraZeneca е безбедна.

Како и да не, нејасно е дали новото име Vaxzevria ќе го избрише лошиот публицитет со оглед на тоа што можеби името е друго, но вакцината е истата.

Вакцината AstraZeneca е создадена од страна на истоимената фармацевтска компанија, но во соработка со Универзитетот Оксфорд. Инаку, компанијата е британско-шведска одкако во 1999 година се споиле шведската Astra и англиската Zeneca.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе