Поради коронавирусот, 2020 година ќе остане запаметена како најсмртоносна во историјата на САД

Поради пандемијата на новиот коронавирус, 2020 година ќе остане запаметена како најсмртоносна во историјата на САД, пред сѐ поради новиот коронавирус, опасна и лесно заразна болест која во земјата беше буквално оставена сама на себе да беснее во текот на целата година.

 

Сè уште е рано за официјалните резултати за стапката на морталитет во САД во 2020 година, но првичните бројки укажуваат дека годинава во земјата ќе починат повеќе од 3.2 милиони луѓе, или најмалку 400.000 повеќе споредено со 2019 година.  

Се проценува дека стапката на морталитет годинава ќе се зголеми до 15 проценти. 

Бројот на смртни случаи во текот на една година во САД секогаш е поголем од оној во претходната, и се работи за бројки во десетици, не стотици илјади. Според државниот Центар за контрола на заболувањата (ЦДЦ), годишниот морталитет во САД обично се зголемува за 20.000 до 50.000, но не за стотици илјади.  

Во САД во 2019 година починале над 2.8 милиони луѓе, или речиси 16.000 повеќе од претходната година, и ова се должи пред сѐ на природно зголемување на возраста и смрт од стареење на населението. 

Според експертите, 2019 година всушност била прилично добра во однос на стапката на мортелитет. Според ЦДЦ, стапката на смрт од стареење во земјата всушност се подобрила во 2019 година, односно опаднала до 1 отсто, додека просечната должина на животниот век се зголемила до 78.8 години,  

Сепак, сѐ се промени со лесното ширење на пандемијата на новиот коронавирус од јануари 2020 година. Тогаш, болеста од која брзо почнале да умираат многу луѓе се регистрираше како пневмонија, но подоцна се покажа дека тоа биле случаи на епидемија на COVID-19.  

Во САД во 2020 година, одреден број луѓе починале и од срцеви заболувања, дијабетес и деменција.  

Годинава, исто така беше рекордна и според бројот на смртни случаи од интоксикација со наркотички средства. Податоците за 2020 година сеуште не се целосно готови, но ЦДЦ минатата недела соопшти дека имало 81.000 случаи на смрт од предозирање со дрога во 12-те месеци до мај 2020 година, или рекорден број во историата забележан во текот на 12 месеци. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе