Поради лошо време во Грција 70 камиони чекаат на граница

Грчките полициски службеници не пропуштаат камиони на граница од македонска страна, поради лоши временски услови во Грција, па затоа на меѓуграничниот простор чекаат 70 товарни возила.

Министерството за внатрешни работи извести дека денеска е остварен контакт помеѓу раководител на смена на полициската станица за граничен премин „Богородица“ со раководител на смена на граничен премин „Евзони“ во врска со застој при влез во Грција за товарен сообраќај. Од страна на грчките полициски службеници добиено е известување дека од 2 часот, не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата.

Во меѓупросторот, за влез во Грција чекаат околу 70 товарни возила.

Како што соопшти АМСМ пак, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Кочани – Делчево – граничен премин Делчево, Берово – Виница – Кочани и превој Ѓавато, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема.

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Дојранска раскрсница – Дојран од 8 часот е укината.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат.
Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе