Скопје, 22 ноември 2018 (МИА) – На планинскиот премин Стража има намалена видливост од 50 – 60 метри поради магла.
Сообраќајот на останатите државни патишта вечерва се одвива без забрани, по влажни коловози.
Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.