УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Поради новите мерки можно е Англија да игра како домаќин во Албанија

Англичаните имаат натпревар на домашен терен против Исланд, но новите мерки за заштита од коронавирусот наложени од британската Влада им забрануваат на Исланѓаните да дојдат на Островот. Решение - да се игра во Албанија.

Стадионот „Ер Албанија“

Исланѓаните немаат забрана за влез во Обединетото Кралство, туку проблемот е сосема друг. Репрезентацијата на Исланд прво гостува во Данска в недела, а токму тоа гостување е проблематично. Имено, во Данска има ширење на епидемијата од визони на луѓе и поради тоа Обединетото Кралство донесе забрана за влез на своја тереторија на секој кој доаѓа од оваа земја. Бидејќи Исланд од Данска треба да дојде во Англија ден после натпреварот, забраната важи и за Исланѓаните.

За УЕФА, проблемот тука не е во Исланд и доколку натпреварот не се одигра Исланѓаните ќе победат со службени 3:0.

ФА бара од британската Влада да се направи исклучок за исландските фудбалери, а моментално бара и друго решение, како план Б, за играње во друга земја.

Во меѓувреме, стигна понуда од Албанија која се понуди да биде домаќин на натпреварот, поточно на новиот „Ер Албанија“ стадион во Тирана.

Англичаните ја разгледуваат и опцијата да бидат домаќини некаде во Германија, дестинација кои повеќе им одговара од Албанија поради близината.

Англија и Исланд треба да играат на 18-ти во рамките на последното коло од Групата 2 во Лига А од Лигата на нации.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе