Поради пожарите, пренасочен сообраќајот на неколку делници

На обиколницата Битола, патен правец Прилеп-Ресен сообраќајот се пренасочува низ градот Битола поради активен пожар.

Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103 Неготино-Штип, кај с. Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правца.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила за влез и излез на ГП Табановце времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

  • петок од 17:00 до 22:00 часот,
  • сабота од 9:00 до 18:00 часот и
  • недела од 9:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница Скопје-Охрид-Скопје се забранува движење на тешки товарни
возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

  • петок од 15:00 до 22:00 часот,
  • сабота од 7:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
  • недела од 7:00 до 22:00 часот.
реклама

Македонија

ССМ: И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар

Read more

Апасиев: Законот за двојазични лиценци не е наивен, ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува тиранската платформа

Read more

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи 20 години, ние го правиме во првата година од владеењето

Read more

Речиси 170 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матката во Македонија

Read more
 

Вести

ССМ: И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар

Читај повеќе

Русија до Америка: Не ни помислувајте да го преземете Панамскиот Канал

Читај повеќе
  • play_arrow

Гори хотел во ски-центар во Турција: Најмалку 66 мртви, луѓе скокаат од прозорците

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: Законот за двојазични лиценци не е наивен, ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува тиранската платформа

Читај повеќе

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи 20 години, ние го правиме во првата година од владеењето

Читај повеќе

Најскапата фотка во историјата е направена на инаугурацијата на Трамп - вреди 900 милијарди долари

Читај повеќе

Речиси 170 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матката во Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Маск се огласи за обвинувањата дека извел нацистички поздрав: Им требаат подобри валкани трикови

Читај повеќе
  • play_arrow

Социјалните мрежи преполни со поздравот на Маск

Читај повеќе