Поради штедење струја Нирнберг нема да игра под рефлектори

Германскиот фудбалски второлигаш Нирнберг нема да игра натпревари во вечерен термин, откако Градскиот совет во услови на енергетска криза одлучи да ѝ го ограничи на екипата користењето на рефлекторите на стадионот „Макс Морлок“.

Руската инвазија врз Украина, која почна на 24 февруари, доведе до раст на цената на електричната енергија во целиот свет, а Германија, како голем зависник од руските енергенси, со наближувањето на зимата настојува да ја намали потрошувачката на гас и струја.

– Зимава би можело да има недостиг од гас и струја. Поради тоа Градскиот совет повторно расправаше околу тоа каде можеме да штедиме енергија, соопштија градските власти во Нирнберг, дадавајќи дека е донесена одлука за ограничување на користењето рефлектори и подземното греење на стадионот „Макс Морлок“.

– Греењето на стадионот ќе остане исклучено по договорот со Фудбалската федерација на Германија, а го ограничуваме користењето рефлектори до максимум 21 часот навечер, се додава во соопштението.

Одлуката на Градскиот совет значи дека поранешниот бундеслигаш нема да може да организира вечерни натпревари кои почнуваат во 20:30 часот.

Стадионот кој е со капацвитет од 50.000 седишта од јули 2017 година го носи името на легендарниот германски напаѓач Макс Морлок кој целата кариера ја мина во дресот на Нирнберг, а беше еден од главните играчи во златната генерација на Западна Германија која го освои Мундијалот 1954 кога на изненадување на сите во финалето со 3:2 ја совлада непобедливата Унгарија на Ференц Пушкаш.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе