Италијанската авиокомпанија Alitalia откажа најмалку 200 домашни и странски летови поради штрајк на вработените незадоволни од работењето на компанијата.
По долгогодишни загуби, компанијата во февруари доби принудна управа и во рамки на реконструкцијата и консолидацијата е најавено отпуштање на 1700 вработени.
Вработените го одбиле предложениот план, како и предвиденото намалување на платите во компанијата во која 51 отсто од акциите поседуваат италијанските банки, а 49 отсто компанијата Etihad.