Поради врнежите можно излевање на помалите реки и слевање вода во урбаните средини

И покрај најавените поројни врнежи во наредните денови, нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, но можно е слевање вода во градските урбани средини, предупредува УХМР.

– Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 литри на метар квадратен, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, наведува УХМР.

Според Управата, на одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер.

– Поради тоа, можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, информира УХМР.

Според денешните хидролошки мерења, реката Богомила е 14 пати над просечната вредност, а Вардар е за речиси три пати зголемен кај Јегуновце и двојно кај Скопје, Велес и Демир Капија.

Без поголеми промени е и состојбата на езерата. Дојранското покажува благо покачување на нивото, Преспанското извесно намалување, а Охридското е во рамки на августовскиот просек.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе