Порака по повод Светскиот ден на детските театри - 20 Март

Должни сме повеќе од кога било со уметност да ги прегрнеме најмладите, да го однесеме театарот до секое дете, во секој град и село, да им овозможиме на децата квалитетен културен живот и да израснеме силни генерации со вистински уметнички вредности, вели во пораката по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март, претседателката на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ, Јулијана Мирчевска.

-Сега кога ќе погледнам од дистанца на пандемиските денови, можам слободно да кажам дека ние театарските дејци, поминавме низ едно искуство кое реши неколку дилеми и стравови за театарот. Страв дека ќе живеме на дистанца, и ќе заборавиме на големи собирања. Собирања за заедно да изгледаме и доживееме претстава. Страв дека ќе ни бидат доволни компјутерските и телевизиските екрани пред нас. Страв дека можеби театарот полека ќе исчезне со напредокот на технологијата и другите медиуми. Но токму тие пандемиски денови ни потврдија дека сé минува, освен човековата потреба за близина со други луѓе. Потребата за споделување на своите мисли, чувства, желби, искуства, идеи и потребата да се слушне другиот, наведува во пораката Мирчевска.

Таа нагласува дека не постои друго место како театарот.

-Место за учење на најкреативен начин, место за дружба, место во живо да ги сретнете омилените јунаци, да ги чуете најубавите приказни, да се смеете и да плачете. Место од каде може светот да го промените на подобро. Затоа оваа година ја започнавме со голема промена, голем чекор - создавање на Македонски национален центар АСИТЕЖ. Ги повикуваме сите детски театри, организации, здруженија и театарски дејци кои творат за деца или работат со деца да се вклучат во нашата мисија - со театар да расте секое дете. Да се вклучат во националниот центар зашто сме должни да го промениме светот, за најмладите, повикува Мирчевска.

Должноста на детскиот театар вели понатаму Мирчевска е да израсне силни генерации со вистински уметнички вредности.

-Оние на кои пандемијата им го скрати дружењето, образованието, детството. Должни сме да излеземе на сцена и да создадеме магија. Да заиграме на сцената, да ги оживеме приказните, да допреме до детските срца и да всадиме љубов, почит, емпатија... Да ја поттикнеме нивната креативност. Да ги вклучиме во театарските процеси, па и ние некогаш да украдеме од нивната фантазија. Да израснеме силни генерации со вистински уметнички вредности, подвлекува Мирчевска.

Таа се осврнува и на улогата на АСИТЕЖ и на потребните напори за тој да стане дел од Светската асоцијација на детски тетари

-Должни сме заедно да го отвориме патот на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ до полноправно членство во Светската асоцијација на детски театри АСИТЕЖ интернационал. Како прв претседател на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ во наредните четири години заедно со моите соработници ќе се стремиме кон што поголемо обединување, соработка, заеднички проекти и нивна презентација во светски рамки. Должни сме повеќе од кога било со уметност да ги прегрнеме најмладите. Да го однесеме театарот до секое дете, во секој град и село. Да им овозможиме на децата квалитетен културен живот, и заедно да создаваме убави спомени од детството на секое дете. Нека ни е честит 20-ти Март Светскиот ден на детските театри!, се наведува во Пораката од Мирчевска по повод 20 Март - Светскиот ден на детските театри.

реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Култура

Духовден: Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква

Read more

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Read more

Објавен конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2023 година

Read more

Објавена програмата за 57. МТФ Војдан Чернодрински

Read more
 

Вести

РЕК издава сè повеќе дозволи за производство на „зелена“ струја

Читај повеќе

Со ритуал исчистен олтарот на папата, откако го осквернави гол маж

Читај повеќе

Најсмртоносна планинарска сезона на Монт Еверест: Непал ги заостри правилата

Читај повеќе

Единствена Македонија: За која интеграција во ЕУ, кое немање алтернатива и за кои европски вредности зборува СДСМ?

Читај повеќе

Лукашенко: Со Украина направивме само една грешка

Читај повеќе

Падна доларот по три недели раст, но падна и еврото

Читај повеќе

Духовден: Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква

Читај повеќе

Бујар Османи објави план во 9 чекори за деескалација и нормализација на состојбите во Косово

Читај повеќе

Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично

Читај повеќе