Пораката на Крушевскиот манифест е подеднакво моќна денес како и во 1903

Крушевскиот манифест го објавила востаничката власт во Крушево за време на Илинденското востание. Напишан е на 6 август, а негов автор е Никола Киров Мајски, иако одредени историски извори како автор го наведуваат Никола Карев. Напишан е на македонски јазик (крушевски дијалект), а потоа, преведен на турски јазик, е испратен во 17 примероци до околните села со чисто или мешано муслиманско население.

Во него околното муслиманско население братски се повикува да ја поддржи и да ја помогне светата борба на сите обесправени во Македонија. Манифестот наидува на добар прием од страна на муслиманското население, а кметот на селото Алданци возвратил со порака во која изразува разбирање за мотивите на востаниците.

Текстот на Манифестот првпат е објавен во драмата „Илинден“ на Никола Киров Мајски во 1923 година.

Во овие историски зборови лежи исконскиот порив на македонскиот народ за слобода, еднаквост и човечност, за чесност, праведност и соживот, за сплотеност, борбеност и патриотизам кои не познаваат граници, туку само единствена љубов кон едно прекрасно парче земја.

Пораката на Крушевскиот манифест е подеднакво моќна денес како и во 1903 – дека сме најсилни и најмоќни во заедништвото против неправдата.

Содржината на Крушевскиот манифест

Крушевскиот манифест се обраќа кон муслиманското месно население во крушевскиот регион. Иако е напишан во форма на обраќање до муслиманите - Турци, Арнаути (Албанци) и Торбеши, Манифестот едновремено дава и јасна слика за мотивите и целите на востанието, неговиот ослободителен и социјален карактер.

Најнапред, Манифестот ги објаснува мотивите на востаниците:

„Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода...“

Потоа, ги смирува муслиманите дека востанието не е насочено против обичниот народ, туку против државата и нејзините експоненти:

„...Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите...“

Потоа, Манифестот ги повикува да им се придружат на востаниците поради заедничка борба против социјалниот терор на Отоманското Царство.

„Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!“

Со ова, Манифестот ги презентира социјалните цели на востанието - воспоставување на поправедно општество. Покрај тоа, манифестот ги смирува муслиманите (Турци, Арнаути и други) дека и доколку не се приклучат кон востанието, нема да бидат мета на востаниците и ги повикува барем да не се придружуваат на спротивната страна, ако веќе не се приклучуваат кон востаниците:

„...Ако и вие не имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале досега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села! “

Конечно, Манифестот има и силно изразена патриотска линија, која се однесува на ослободувањето и самостојноста на Македонија: „...нашата мила и богата земја Македонија...“, „...бајрако на Афтономна Македонија...“, „...чесни и добри македонски синој...“, а завршува со зборовите:

„Ура! За Афтономна Македонија!“

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе