Софтвер

Пораките на WhatsApp наскоро ќе може да исчезнуваат

2. октомври 2019 - 16:08 | А.С.

WhatsApp наскоро ќе почне со тестирање на опцијата да може пораките да исчезнуваат откако корисникот ќе ги испрати.

Целта на оваа опција е да се зачува приватоста на разговорите, така што по праќањето на пораката ќе има можност да се „исчисти“ записот за неа, пренесува Independent.

Корисниците ќе можат да стават временско ограничување на траењето на испратените пораки. Тоа значи дека пораките ќе се праќаат на вообичаен начин, но по некое време сами ќе се избришат за да се спречи можноста некој да ги копира или да направи скриншот.

Засега функцијата е достапна на BETA верзијата на апликацијата за Android. WhatsApp уште работи на развој на оваа опција и уште не се знае кога ќе биде достапна за сите корисници.

Коментирај