Музика

Поранешен член на Pussycat Dolls тврди дека девојките биле дел од синџир на проституција

17. октомври 2017 - 11:43 | М.Д.

Некогашниот член на славниот женски поп бенд Pussycat Dolls, Каја Џонс, ја шокираше јавноста со изјави за своите поранешни соработнички, тврдејќи дека некои од нив биле вклучени во синџир на проституција.

Џонс тврди дека фронтменот на бендот Никол Шерцингер била една од тие.

„И моја вистина е дека не бев дел од женска поп група. Бев во синџир за проституција. Потпишуваа и беа познати додека секој кој не поседуваше заработуваше. Ме прашуваа колку е тоа лошо. Беше доволно лошо за да се откажам од сопствените соништа, колешките и договор вреден 13 милиони долари. Знаевме дека ќе бидеме први“, изјави Џонс.

Таа истакнала дека да се биде дел од групата значело и дека мора да се биде тимски играч и да се спие со оној со кој ќе им се нареди.

„Откако ќе ве навлечат на дрога или ќе ве збудалат тогаш тоа го користат против вас. Редовно водев дневник и се запишував. На Холивудските функционери ова и го зборував уште од 2004 година, во медиумите во 2006 година. Зборував и во 2011, а се надевам дека ме слушате и сега во 2017 година“, додава таа.

Џонс е една од многуте жени кои јавно зборуваа за секс скандали после бомбастичните откритија кои го посрамотија и разоткрија филмскиот великан Харви Вајнштајн како сериски сексуален предатор.

Основачката на овој бенд, Робин Антин, вели дека е шокирана од овие изјави и дека се „одвратна лага“, поради тоа што наводно Џонс само сака да привлече медиумско внимание.

 

Коментирај