Поранешен извршен директор на Twitter: Од секој потег на Маск е јасно дека не знае што прави

Илон Маск „не знае што прави“ со Twitter и ги „возбудува сите“, рече поранешниот извршен директор на компанијата, откако големите брендови го паузираа своето рекламирање на платформата, а компанијата отпушти илјадници вработени.

Брус Дејсли, потпретседателот на Twitter за Европа, Блискиот Исток и Африка од 2015 до 2020 година, изјави дека е погоден од недемократските промени на Twitter и дека без двоумење ќе ја напушти платформата доколку има добра алтернатива, пренесува The Guardian.

„Мислам дека Илон мислеше дека ќе дојде и ќе среди сè, но многу брзо ќе сфати дека тоа е многу покомплицирано“, изјави тој за подкастот за The News Agents викендов.

„Тоа е прилично очигледно од секоја јавна акција што ја презема со целата оваа аквизиција: тој не знае што прави“, додаде тој.

Дејсли, кој беше главен извршен директор на Twitter во Лондон, исто така го критикуваше планот на Маск да им наплаќа на корисниците 8 долари месечно за симболот за верификација, сината прица.

За Observer изјави дека Маск ја заменува „легитимноста на проверените извори“ за „џепарлак“.

„Фактот дека немаме право на тоа е недемократски“, рече тој.

Острата критика доаѓа откако Маск воведе низа промени на Twitter кои предизвикаа загриженост за неговиот пристап кон дезинформации и говор на омраза.

Тагови
реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Интернет

Instagram воведе можност да правите измени на веќе објавени коментари

Read more

Направен уред кој фаќа Wi-Fi сигнал дури и во нуклеарен реактор

Read more

Русија затвори дупка во законот и целосно ги блокираше плаќањата за услугите на Apple

Read more

Instagram тестира: Дали ќе платите за подолго да трае вашето Story?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

AI режимот на Google во Chrome сега отвора линкови еден до друг во истиот таб

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус што вози самостојно наскоро ќе превезува патници во Норвешка

Читај повеќе

Откриен план на Белата куќа: НАСА треба да постави нуклеарни реактори на Месечината

Читај повеќе

Астрономи за прв пат ја измерија неверојатната моќ и брзина на млазовите од црни дупки

Читај повеќе

Honor тестира батерија од 11.000 mAh за смартфон

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Читај повеќе

Газдата на Snapchat ќе отпушти 16% од вработените

Читај повеќе

Протекоа информации: Xiaomi подготвува огромни промени за телефоните

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците очајни: Регрутираат гејмери ​​да работат како контролори на летање

Читај повеќе