Поранешен руски пратеник убиен во центарот на Киев

Поранешниот руски пратеник Денис Вороненков, кој откако во Русија беше обвинет за финансиски измами пребегна во Украина, е убиен во центарот на Киев, објави полицијата. Претседателот Петро Порошенко веднаш изјави дека станува збор за терористички чин.

Според началникот на полицијата на Киев, Андреј Кришченко, нападнати биле неколку бизнисмени пред влезот во хотелот „Премиер палас“, Според полицијата убиецот најмалку двапати стрелал во Денис Вороненов, најверојатно од пиштол од марката „ТТ“, а еден од истрелите бил фатален. Исто така ранет е и еден од телохранителите на Вороненков кој возвратил со оган кон напаѓачот.

Ранетиот напаѓач е сместен на одделот за интензивна нега во една од киевските болници. Според медиумските извештаи, тој бил во бессознание, но неговата повреда не опасна по животот.

Поранешниот пратеник Илја Пономарев, кој од 2015 година исто така живее во Украина, тврди дека атентатот врз Вороненков бил извршен кога тој пошол на договорена средба со него.

Убиецот на Вороненков, бил баран поради сомневања за фиктивни бизниси и перење пари стекнати од криминални активности и кај себе имал украински исправи, објави украинскиот портал Обозревател, кој се повикува на свои извори.

Вороненков, откако избега од Русија каде што е осомничен за финансиски малверзации во почетокот на 2010-те години, живее во Украина, и беше сведок на суд против поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, кој беше соборен од власта со бунтот на Мајдан во февруари 2014 година

Истрагата се сомнева во нарачано убиство. Во октомври 2016 година Вороненков со сопругата Марија Максаова, пребега во Украина. Во декември доби украинско државјанство по сведочењето против Јанукович.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека станува збор за „терористички чин“, како и дека не било случајно тоа што убиството се случило истиот ден кога се случи и експлозија и пожар во складиште за оружје на истокот од Украина.

Од руската страна се огласија неколку пратеници кои потсетуваат дека во Украина последните години се случија неколку атентати врз новинари, политичари и познати бизнисмени.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе