Поранешниот талентиран фудбалер на Баерн, Гуо Џиасуан доживеа сериозна трагедија на теренот која целосно му го сврте животот на најлошо и од која тешко ќе се опорави.

Дефанзивецот на кинескиот клуб Бејѕин Гуоан доживеа несреќа на пријателски натпревар на подготовки во Шпанија. Минатиот четврток беше удрен со колено во главата и последователно доживеа мозочна смрт.
Гуо играл натпревар против шпанскиот тим Алкобендас во камп организиран од Фудбалскиот сојуз на Пекинг. Трагичната вест на социјалните мрежи ја сподели неговиот брат кој откри дека се работи за субарахноидално крварење.
Крварењето добило форма на мозочен удар предизвикан од крварење во мозокот. За жал, неговиот брат ја сподели и најлошата вест, а тоа е дека има многу мали шанси да преживее, а машините кои го одржуваат во живот ќе бидат исклучени.
„Преведувачите ми кажаа дека докторот во болницата рекол дека брат ми има премногу крварење во главата и дека има многу мала надеж дека ќе преживее. Болницата ќе ги исклучи машините кои го одржуваат во живот“, рекол неговиот брат на кинеската социјална мрежа Xiaohongshu.
Во објавата се наведува дека шпански лекар му кажал на семејството дека Гуо бил клинички мртов во една фаза поради недостаток на кислород во мозокот.
Таткото на Гуо пристигнал во Шпанија во саботата и наводно го одбил предлогот на лекарот да ја прекине поддршката за неговиот син. Напротив, побарал да биде однесен во Кина на понатамошно лекување.
По натпреварот минатата недела, Алкобендас им понуди поддршка на Гуо и неговото семејство.
„Сакаме да ја изразиме нашата длабока загриженост за играчот од делегацијата на Пекинг кој доживеа несреќа за време на пријателскиот натпревар одигран утринава против нашиот прв тим. Ја испраќаме сета наша поддршка до него, неговото семејство и неговиот тим во овој тежок момент. Искрено му посакуваме брзо закрепнување“, соопштија од Алкобендас.
Талентираниот кинески фудбалер пред две години беше избран од Баерн да биде вклучен во нивниот специјален Светски тим. Тимот имаше за цел да развие перспективни играчи од целиот свет. Младиот фудбалер е роден во Пекинг во 2006 година, а има настапувано и за младинските репрезентации на својата Кина.
Guo Jiaxuan (18), who was part of the FC Bayern World Squad in 2023, suffered brain death following a severe accident during a training match in Spain after being hit in the head by another player’s knee. According to his brother, Guo had too much bleeding in his head and there… pic.twitter.com/HbKszb0bTl
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) February 13, 2025