Поранешни директори ја оштетиле МЕПСО за 690 илјади евра

Поднесени се кривични пријави против поранешниот геренален директор на АД МЕПСО, Ненад Јовановски, директорот за финансико работење и директорот за управување со пазарот на електрична енергија, кои се осомничени од страна на финансиската полиција. Тие се осомничени дека направиле злоупотреба на службената должност затоа што навреме не доставувале фактури до правното лице „ЕНГ сервис траде“ ДОО Скопје. Според Управата за финансиска полиција, тие не презеле никакви дејства за наплата на побарување за испорачаната електрична енергија. Со овие дејства на тројцата директори АД МЕПСО има штета од речиси 690 илјади евра.

„Лицето К. А. како поранешен директор за управување со пазарот на електрична енергија и член на Управниот одбор со неизвршување на својата службена должност ја одолжувало целокупната постапка и не презело никакви дејства за наплата на побарувањето. Ова лице, кое е потписник и на договорот со фирмата, не му доставило ниту опомена за неизвршување на обврската за плаќање и обезбедување дополнителна финансиска гаранција, а од негова страна немало ниту одлука за суспензија на ова правно лице. Тој потоа донел и одлука за одложено плаќање, што е споритвно на законот, бидејќи таква одредба не постои“, велат од финансиската полиција.

Второпријавениот С. В., тогашен директор за финансиски работи во диреккцијата, не го информирал Управниот одбор на МЕПСО за побарувањето што друштвото го имало од фирмата „ЕНГ сервис траде“, ниту навреме ги известил другите сектори, иако тоа било негова службена должност. Фактурите што биле достасани се од 2016 и 2017 година. Финансиската полиција го товари и поранешнот директор на МЕПСО, Ненад Јовановски, бидејќи, како што велат, тој не наложил да се иницира постапка за наплата на долгот.

„Поранешниот директор Ненад Јовановски не наложил да се донесе ниту одлука за одредување на висината на зголемена финансиска гаранција во согласност со член 10 од договорот за балансна  одговорност ниту да се достави опомена за неизвршување на обврската за плаќање до должникот“, додаваат од финансиската полиција.

Во периодот од месец ноември 2016 година до месец август 2017 година, првопријавениот К. А., второпријавениот С. В. и третопријавениот Никола Јовановски како Генерален директор на АД „Мепсо“ со неизвршување на својата службена должност на акционерското друштво му нанеле штета од 42.408.965 денари.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more
 

Вести

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе