Свет

Поранешни вработени во Twitter обвинети во САД за шпионажа во корист на Ријад

7. ноември 2019 - 8:05 | МИА

Сан Франциско, 7 ноември 2019 (МИА) – Двајца поранешни вработени во Twitter и еден Саудиец се обвинети во САД за шпионажа на таа социјална мрежа во корист на Ријад.

Али Алзабарах, Ахмад Абуамо и Ахмед Ал-Мутаири се „саудиски агенти“, се вели во изјавата на федералниот обвинител на Калифорнија, Дејвид Андерсон.

- Обвинетите пребарувале системи на Twitter за да добијат информации од противници на саудиските власти и за илјадници други корисници на социјалната мрежа, рече Андерсон.

Абуамо беше уапсен во Сиетл, додека другите двајца се верува дека се во Саудиска Арабија.

Ахмед Ал-Мутаири се сомничи дека бил врска меѓу двајцата техничари на Twitter и саудиската влада.

Коментирај