Поранешниот прилепски градоначалник се товари за непотребни набавки

Против поранешниот градоначалник на општина Прилеп и уште три други лица прилепската полиција поднесе известување поради сомнение дека сториле кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Покрај поранешниот прилепски градоначалник М.Р. (46), пријавени се и Д.Р. (56) во својство на раководител на одделение за општи и заеднички работи при локалната самуправа Прилеп, К.Н. (49) вработен како домар и лице задолжено за прием и надзор над набавка и А.Т. (42), сектретар на општина Прилеп.

Прилепската полиција, постапувајќи по отворен предмет на ОЈО Прилеп, извршила проверки при што било констатирано дека иако реалната потреба за набавка на екстра лесно ЕЛ-1 масло за греење на новата општинска зграда во Прилеп изнесувала најмногу 10.000 литри по грејна сезона, сепак во годините 2015 и 2016, проектирани и набавувани биле поголеми количини од реално потребните.

Така, во 2015 година од страна на општината било платено за 41.762 литри повеќе од реално потребните, а во 2016 година за 24.963 литри повеќе од реално потребните количини на масло за греење. Всушност, исплатени биле парични средства за вкупно 66.725 литри повеќе, без реално оправдување за таквата количина.

Со тоа, секој од пријавените во рамките на своите надлежности во текот на 2015 и 2016 година, предизвикале штета на буџетот на општина Прилеп во вкупен износ од 2.556.666 денари.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Македонија

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Read more

ДУИ: Не постои вага што може да го измери развојот на државата со политиките на Ахмети

Read more

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Read more
 

Вести

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Читај повеќе

ДУИ: Не постои вага што може да го измери развојот на државата со политиките на Ахмети

Читај повеќе

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Читај повеќе

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Читај повеќе

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Читај повеќе
  • filter

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Читај повеќе

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Читај повеќе