Живот

Поранешниот телохранител ја тужи Мараја Кери за сексуално вознемирување

8. ноември 2017 - 17:03 | К.З.

Поранешниот личен телохранител на Мараја Кери ја обвини пејачката дека сексуално го вознемирувала, а покрај тоа му се обраќала со скинхед, нацист и други погрдни зборови.

Мајкл Анело, кој порано работел како лично обезбедување на Мараја Кери, се закани дека ќе ја тужи пејачката за сексуално вознемирување, покрај другите обвиненија.

Тој тврди дека таа му должи преку 220.000 долари во неплатени сметки и плати од периодот помеѓу јуни 2015 и мај 2017 година, и дека освен тужбата за парите ќе упати и тужби за вербална навреда и сексуално вознемирување против Мараја Кери.

За време на едно патување во Кабо Сан Лукас, Кери побарала Анело да ги пренесе куферите во нејзината хотелска соба. Кога тој стигнал таму, таа носела само проѕирно неглиже и сакала да го допира телохранителот. Во тој момент, тој одбил да ги премести куферите, по што излегол од собата.

Според Анело, навредите почнале подоцна, кога пејачката се почувствувала навредена од одбивањето.

Коментирај